Шчесни: Роналдо прво „плачеше“ два месеци, па мораше да ни купи компјутери

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни открива дека Кристијано Роналдо бил приморан да им купи на соиграчите од Јувентус „ај мек“ компјутер откако доби црвен картон против Валенсија во 2018 година, иако на тоа му претходело два месеци „плачење“.

Португалецот морал да фрли пари на скапиот подарок откако добил црвен картон во мечот од Лигата на шампионите, бидејќи поранешниот тренер на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри имал такво правило – тој што ќе добие црвен картон мора да им даде подарок на соиграчите.

Роналдо црвениот картон го доби во септември 2018 година, откако го повлече за коса дефанзивецот на Валенсија, Жеисон Мурилјо.

„Да, сега сите имаме ’ај мек’. Му беше потребно доста време бидејќи не можеше да сфати дека тоа е црвен картон и постојано се жалеше дека не направил ништо погрешно. По два месеци ’плачење’ и расправање, ги добивме компјутерите“, вели Шчесни.

Правилата на Алегри важеле и за доцнење на тренер, нешто што самиот Шчесни го почувствувал и морал да купи „Доктор Дре“ слушалки за цел тим.

„Мислев дека е вторник, но всушност беше среда. Алегри ми се јави и ми кажа дека сите ме чекаат. Задоцнив половина час и сите се радуваа дека ќе добијат подароци. На крајот добија слушалки“, открива голманот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.