Леброн и Дејвис го запреа Денвер, Кингс без одговор за Дончиќ

ЛА Лејкерс го добија дербито со Сеневер Нагетс. Лејкерс победија по едно продолжение 120:116, откако во регуларниот тек натпреварот заврши со 111:111. Ова е втора победа за Лејкерс сезонава во Колорадо. По паузата поради повреда на теренот се врти Лука Дончиќ. Тој го предводеше Далас до убедливата победа над Сакраменто 130:111.

Дербито помеѓу првата и втората екипа на Западот им припадна на Лејкерси. „Езерџиите“ имаат повеќе концентрација во продолжението кое го реши Ентони Дејвис. Тој ги постигна последните четири поени на мечот.

Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл од 32 поени, 12 скока, 14 асистенции, Дејвис имаше 33 поени и 10 скока. Кај Денвер се истакнаа Џамал Мареј со 30 поени и 10 асистенции, односно Никола Јокиќ со 22 поени и 11 скока.

Далас го декласираа Сакраменто 130:111. Дончиќ во пресрет на Ол-стар натпреварот се врати во тимот на Далас и со 33 поени, 12 скока и осум асистенции беше најефикасен на мечот. Кристап Прозингинс мечот го заврши со 27 поени и 13 скока.

Резултати:

Кливленд-Атланта 127:105

Орландо-Детроит 116:112

Бруклин-Торонто 101:91

Индјана-Милвоки 118:111

Њујорк-Вашингтон 96:114

Мемфис-Портланд 111:104

Минесота-Шарлот 108:115

Финикс-Голден стејт 112:106

Јута-Мајами 116:101





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.