Јокиќ и Харден на чекор до трипл-дабл, Јанис и Леброн 30+

 

Само четири натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Блескаа големите ѕвезди Јокиќ, Леброн, Јанис, Харден.

Најдобриот тим во лигата Милвоки Бакс славеа победа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 120:108. Јанис Адетокумбо забележаа 34 поени, 17 скока и шест асистенции за 33 минути колку што мина на теренот. На спротивната страна Брендон Инграм запиша 32 поени и седум скока, а Зајон Вилијамс забележа 20 поени и седум скока.

Денвер Нагетс ставија крај на страшната серија во која што беше бекот на Портланд Демијан Лилард.

Денвер го победија Портланд 127:99. Никола Јокиќ за една асистенција остана без трип-дабл. Тој натпреварот го заврши со 29 поени, 13 скока и девет асистенции. На спротивната страна Лилард постигна само 21 поен. Лилард на последните шест натпревари имаше просек од 49 поени по натпревар.

Лос Анџелес Лејкерс забележаа победа во дуелот со Сан Антонио Спарс 129:102. Леброн Џејмс беше незапирлив за Спарси, забележа 36 поени, седум скока, девет асистенции. Кај Сан Антонио се истакна ветеранот Демар Дерозан со 28 поени.

Хјустон Рокетс без многу напорт славеа победа против Шарлот Хорнетс 125:110. Џејмс Харден се врати во форма, откако на неколку дуели имаше скромна реализација. Против Хортенс тој запиша 40 поени, девет скока и 12 асистенции.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.