Репторс победија во ЛА, Јокиќ им пресуди на Минесота
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 11 Ноември 2019
Актуелните шампиони Торонто Репторс ја запреа мини серијата на Лос Анџелес Лејекрс со победата 113:104. Успехот на РФепторс е поголем бидејќи играа без Јакл Лаури и Серж Ибака.
Торонто победија со тимска игра, шестмина постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Паскал Сијакам (24 поени, 11 скока) и Фред Ванвилт (23 поени, седум скока, 10 асистенции).
Кај Лејкерс се истакнаа Ентони Дејвис со 27 поени и Леброн Џејмс со нов трипл-дабл (13 поени, 13 скока, 15 асистенции).
Милвоки Бакс победија кај Оклахома 121:119. Повторно блесна Јанис Адетокумпо за кого ова е петти последовен натпревар на кој постигнува 30 или повеќе поени.
Гркот мечот го заврши со 35 поени и 16 скока.
Деневер Нагетс во Минеаполис во последните седум минути не можеа да постигнат кош, ја испуштија предноста од 16 поени и мораа да играат продолжение. Таму повторно се истакна Никола Јокиќ кој на две секунди до крајот погоди тежиок шут преку Карл-Ентони Таунс за победа на Денвер 100:98.
Резултати:
Орландо-Индијана 102:109
Филалдлефија-Шарлот 114:106
Њујорк-Кливленд 87:108
Феникс-Бруклин 138:122
Портланд-Атланта 124:113
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс