Џордан: Стеф Кари уште не e „материјал“ за Куќата на славните

Легендарниот Мајкл Џордан во својата идеална петорка би ги ставил Хаким Олајџувон, Скоти Пипен, Меџик Џонсон и Џејмс Ворти, но не и Стеф Кари, кој уште треба да се потврди за да стане член на Куќата на славните.

 

„Тој останува голем играч, но уште не е за во Куќата на славните. Тоа е сигурно“, изјави Џордан при гостувањето на „Ен-Би-Си“.

 

Кари по 10 НБА сезони има импресивен скор – двократен МВП на лигата, три титули со Голден Стејт, шест пати на Ол-стар натпреварот, 23.5 поени по натпревар (25. во историјата на НБА) и 2.483 тројки (трет во историјата).

 

Џордан, кој освои шест НБА титули, пет МВП награди и беше 14 пати на Ол-старот, влезе во Куќата на славните во 2009 година.

 

Сепак, според уште една легенда, Меџик Џонсон, Џордан не смеел да каже дека Кари е за во Куќата на славните, откако тој беше казнет во 2018 со 50.000 долари од НБА поради изјавата дека Јанис Адетокумбо еден ден ќе ги предводи Милвоки бакс до титула.

 

„Сите да се опуштите. Знаеме дека Кари во иднина ќе биде во Куќата на славните. Мајкл Џордан не смееше да го каже тоа бидејќи ќе добиеше казна од НБА“, напиша Меџик на Твитер.

 

Everyone relax. We know Steph Curry is a future Hall of Famer…Michael Jordan couldn’t say it because he would get fined by the league.

— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) October 22, 2019





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.