Вечерва сите навиваме за Турција

Од натпреварот помеѓу Турција и Финска кој почнува во 20:30 часот, зависи дали македонската одбојкарска репрезентација ќе се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

 

Победите над Белорусија и Словенија, на македонскиот национален тим му донесоа шест бода, и сега „црвено-жолтите“ се за чекор од пласман меѓу 16-те најдобри во Европа, што е голем успех за генерацијата предводена од капитенот Никола Ѓоргиев.

 

После многу математики и комбинации околу патот до четвртото место во групата (на првите три места се Русија, Словенија и Турција) кое води понатаму, сега веќе нема простор за калкулирање и јасно е: било каква победа на Турција, ја носи нашата селекција во осминафинале, а било каква победа на Финска ќе значи дека Финците ќе патуваат во Нант, а за Северна Македонија, првенството ќе заврши.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.