Ѓоковиќ спаси две меч топки против Дел Потро за полуфинале во Рим
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 18 Мај 2019
Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ повторно го покажа својот непомирлив дух и се спаси од многу тешка ситуација.
Српскиот тенисер се квалификуваше за полуфиналето на „Мастерс" турнирот во Рим по неверојатно тешка победа над Хуан Мартин Дел Потро со 4:6, 7:6 (6), 6:4.
Дуелот беше неверојатно неизвесен и понуди тенис од највисока класа. Ѓоковиќ спаси две меч топки во вториот сет, а потоа ја наметна својата волја над Дел Потро, кој покажа дека влегува во одлична форма.
Во спор за место во финалето, Ноле ќе се сретне со уште еден Аргентинец – Диего Шварцман, кој претходно го елиминираше Кеј Нишикори.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс