СП ракомет: Кикс на Хрватска што може да ја чини полуфинале
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 20 Јануари 2019
Репрезентацијата на Бразил направи големо изненадување на ракометниот Мундијал совладувајќи ја фаворизираната Хрватска вечерва во последниот натпревар од третата рунда во Групата – Е.
За „коцкестите" овој пораз значи чекор назад во обидот да освојат едно од првите две места на табелата што автоматски значи учество по полуфиналето и борбата за медали.
Бразилците победија со 29:26, по одличното прво полувреме кое го добија со 17:13.
Лангаро со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот состав, додека Дувњак кај Хрватите имаше шест реализации.
Пласман Е-група: Германија 5 бода, Франција 5, Хрватска 4,. Шпанија 2, Бразил 2, Исланд 0.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс