Чудо од девојче: На 14 години направи историски успех, а потоа животот и се претвори во пекол! (видео)

Пред точно 57 години во 1961 година е родена Надја Команечи, најдобрата гимнастичарка на сите времиња.

 

Кога се кажува гимнастика - се мисли на Надја Команечи. Надја е родена во малиот град Онешти во Романија на 12 ноември 1961 година.

 

Почна да тренира гимнастика на шестгодишна возраст, а веќе со 10 учествуваше во меѓународни натпревари.

 

Со само 14 години стана светска ѕвезда, и влезе во легендите, бидејќи на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, на разбој доби највисок рејтинг - 10.

 

Интересно е тоа што на семафорот, кој ги покажуваше оценките немаше можност да се прикаже бројот 10, па така нејзината оценка беше напишана како 1.0.

 

 

По негодувањето на публиката и шокираната млада гимнастичарка, судиите изјавиле дека постигнала голем успех.

 

Потоа стана една од најмладите олимписки златни медалисти во историјата, а тоа го потврди со освојување на пет медали, три злата и по еден сребрен и бронзен медал.

 

Таа го повтори нејзиниот неверојатен успех на Олимписките игри во Москва во 1980 година, кога освои две златни и две сребрени одличја.

 

 

Во периодот од 14 до 20 годишна возраст остави неизбришлива трага во историјата на спортот и со легендарната Олга Корбут беше најзаслужна за популаризација на гимнастиката.

 

Сепак, освен меѓу справите, животот на Надја Команечи беше речиси филмски и надвор од спортот.

 

Нејзините тренери пребегаа во САД за време на една егзибиција во 1981 година. Тогаш направи голема грешка, се врати во Романија и до 1989 година живееше речиси во кафез со постојана контрола на државата, односно на брачниот пар Чаушеску.

 

Таа дури и рече дека била принудена да стапи во брак со синот на Николај Чаушевску. Иако не сакаше да зборува за маките што ги претрпе, беше откриено дека Надја била малтретирана и сексуално злоупотребувана од синот на Николај.

 

Успеа да избега од Романија во 1989 со желба да најде нов живот во САД. Но, тоа и не одеше лесно. Во САД, ја очекуваше тренерот, но таа не се јавуваше.

 

Беше кај Константин Панаут, кој ѝ помогна да побегне од Романија за 5.000 долари. Тој сфатил дека во Америка би можело добро да се заработи на романската гимнастичарка, па ги наплатуваше сите нејзини интервјуа и гостувања по емисии.

 

 

Се проценува дека на тој начин заработил 200.000 долари, од кои Надја не добила ништо.

 

Со помош на нејзините пријатели, таа успеа да се ослободи од Пенаут по една година и го најде својот дом во Монтреал, Канада.

 

Сепак, и требаше многу време да се снајде и таму. Имаше лош имиџ поради "премногу шминка и начинот на облекување" и затоа што во пронаоѓањето на сместување во Монтреал и помогнал Панаут кој е женет човек со четири деца.

 

Заработуваше за живот преку рекламирање на опрема за гимнастика и аеробик, а често и долна облека.

 

Не и беше лесно, но и беше подобро отколку да биде затворена и заробена во Романија.

 

Се вери во 1994 година за шампионот по гимнастика на САД Барт Конер, кого го запознала токму како што се испостави, најважната година во нејзиниот живот - 1976.

 

Тие се венчаа во 1996 година во манастирот на Кашин во близина на Букурешт, и Барт по желба на својата сопруга премина во православни.

 

Инаку, Надја сакаше кум на свадбата да и биде тогашниот претседател на Романија, Јон Илиеску, кој дојде на ова место откако беше стрелан Чаушеску.

 

Тој се заблагодари за овој "убав гест за земјата и нејзините родители", но поради неговата службена положба тој не можеше да и биде кум.

 

Сепак, тој беше домаќин на нејзината свадба и на прославата беа поканети Роберт Де Ниро, Арнолд Шварценегер, Хилари Клинтон ...

 

 

Денес, Надја има 57 години и има американско државјанство. Со сопругот отворија приватно гимнастичко училиште, но и понатаму заедно учествуваат на ревијални натпревари, а заработените пари ги донираат во добротворни цели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.