Алегри: Поразот од Манчестер позитивно делуваше на нас

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, беше задоволен од играта на тимот во дуелот со Милан (2:0) од италијанската Серија А.

 

Според него, поразот од Манчестер Јунајтед (1: 2) во Лигата на шампионите делувал мотивирачки кај неговите избраници.

 

- Поразот од Манчестер Јунајтед одигра позитивна улога, бидејќи научивме лекција. Во натпреварот со Милан игравме повеќе концентрирано, обидувајќи се да не правиме грешки.

 

- Во второто полувреме малку падна темпото. Мислам дека вредеше да го држиме ривалот што подалеку и така да правиме притисок врз нив. Понекогаш дури и добрата игра не носи победа.

 

- Некогаш треба да играте поедноставно, изјави Алегри.

 

Јувентус по 12 кола е лидер со 34 бода, Наполи има 28, Интер 25, Лацио 22, Милан 21,…





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.