Македонија го подобри пласманот на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

 

„Црвено-жолтите“ напредуваат за две места и со 1.344 бода се наоѓаат на 68.место.

 

Од противниците на Македонија во групата од Лигата на нации најдобро котира Ерменија (100. место), Лихтенштајн е 178-ми, а Гибралтар се наоѓа на 198. место.

 

На врвот се наоѓаат Белгија и Франција, а по нив во ТОП 10 се: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

 

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 25 октомври.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.