Баер Леверкузен ги собори сите рекорди на непобедливост

Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од тренерот Чаби Алонсо, станаа рекордери во светскиот фудбал. „Фармацевтите“ 49 натпревар не знаат за пораз. Тие, синоќа, го урнаа рекордот на Бенфика стар 59 години.

Она што особено инпресионира во оваа нестварна серија се головите што ги постигнуваат играчите на Алонсо по 90.минута. Сезонава одиграле 17 такви натпревари.

Синоќа против Рома, исто како и пред десет дена против Штутгарт, Баер од пораз се спаси со гол во 97.минута.

„Фармацевтите“ ќе имаат можност да ги освојат сите можни трофеи оваа сезона. Тие одамна ја освоија титулата во Бундеслигата, што беше нивна прва во клупската историја, а до крајот на овој месец ги очекуваат финалните натпревари во Купот на Германија и Лига Европа.

Избраниците на Чаби Алонсо последен пат загубија на 27 мај минатата година во последното коло од Бундеслигата против Бохум со 3:0.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.