Оклахома го доби Далас, Кливленд без шанси во Бостон

Кошаркарите на Оклахома поведоа против Далас во полуфиналето од плеј-офот на Западната конференција, откако го добија првиот натпревар со 117:95.

Оклахома ја предводеше Шеј Гилџес-Александер со 29 поени, девет скока и девет асистенции. Чет Холмгрен постигна 19 поени, седум скока, три блокади и две украдени топки, а Џејлен Вилијамс имаше 18 поени со пет скока и пет асистенции.

Во тимот на Далас Кајри Ирвинг постигна 20 поени, Лука Дончиќ имаше 19 поени, девет асистенции и шест скока, (шут 6/19), а Даниел Гафорд додаде 16 поени, 11 скока и пет блокади.

Селтикси во првиот натпревар ги победија Кавалирс со 120:95, а победничкиот тим го предводеа Џејлен Браун со 32 поени и шест скока и Дерик Вајт со 25 поени и пет асистенции, постигна седум тројки во 12 обиди.

Во победата придонесоа Џејсон Тејтум со 18 поени и 11 скока, Пејтон Причард со 16 поени, а Џру Холидеј со 14 поени и шест скока.

Во тимот на Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 33 поени со шест скока и пет асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.