Клоп: Многу ми е жал, се извинувам

Ливерпул, со поразот од Евертон, претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби Евертон на „Гудисон Парк“, по пауза од 14 години ги победи црвените: Од 2010 година ова е втора победа на „карамелите“ над Ливерпул.

Шампионскуте сништа на Ливерпул се чини ги згаснаа Брејтвајт и Калверт-Лувин, кои беа стрелци во победата 2:0.

Ливерпул сега заостанува три бода зад Арсенал на врвот на табелата, а третопласираниот Манчестер Сити има четири бода помалку од Арсенал, но и два натпревари помалку. До крајот на првенството остануваат само уште четири кола.

Јирген Клоп, последната сезона во Ливерпул сакаше да ја заврши со шампионска титула, но сега е извесно дека ќе мора да се задоволи само со еден и најмалку важен трофеј, Лига купот.

Свесен дека трката за титулата во Англија е практично изгубена, по поразот во дербито на Мерсисајд, тој рече: „Ова не беше доволно добро… Навистина сочувствувам со фановите и многу ми е жал. Се извинувам“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.