Џон Батист ја предводи трката за „Греми“

Објавени се номинациите за „Греми“, кои ќе се доделуваат следната година, а трката за овие престижни музички награди ја предводи Џон Батист со 11 номинации, додека Џастин Бибер, Доџ Кат и Х.Е.Р. имаат по осум. Веднаш зад нив се Били Ајлиш и Оливија Родриго со 7 номинации.

Најважните категории (албум на годината, видео на годината, песна на годината и најдобар дебитант) се проширени и имаат 10 наместо досегашните 8 места за номинации.

 

 

Многу уметници од различни жанрови - вклучувајќи алтернатива, кантри, рап, поп, рок... - се борат за признанието дебитант на годината.

Батист и Џастин Бибер ќе се натпреваруваат за главната награда - албум на годината - заедно со тинејџерската сензација Оливија Родриго, Били Ајлиш, аренби уметникот Доја Кат, пејачката-текстописец HER, раперот Канје Вест, соработката на ветеранот Бенет со Лејди Гага, Тејлор Свифт и раперот Лил Нас икс.

Греми-наградите, највисоките признанија во музичката индустрија, ќе бидат доделени на церемонија во Лос Анџелес на 31 јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.