Џеј Ло и Родригез се разделија: Подобри сме како пријатели

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прекинаа свршувачката затоа што сметаат дека ќе им биде подобро да останат пријатели.

Латино дивата и поранешниот бејзбол играч го најавија раскинувањето во четвртокот (15 април) само еден месец откако негираа дека нивната четиригодишна врска е во голема криза.

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа во заедничкото соопштение Лопез (51), позната по прекарот Џеј Ло и Родригез (45), поранешна звезда на „Њујорк јенкис“, познат како А-Род.

„Ќе продолжиме да соработуваме и меѓусбно да се поддржуваме во заеднички деловни потфати и проекти“, рекоа Лопез и Родригез.

Еден од најголемите славни парови во САД во последните четири години не сака да ги коментира причините за разделбата поради почит кон нивните деца од претходните бракови.

"Го посакуваме најдоброто еден на друг и на децата на секој од нас. Од почит кон нив, единствениот друг коментар што треба да го кажеме е благодарност до сите што испратија љубезни зборови и поддршка.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.