Џенифер Анистон станува мајка на 52 години

Познатата американска актерка Џенифер Анистон (52), препознатлива по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Пријатели“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка.

Бројни светски медиуми пишуваат дека Џенифер по два разводи решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година.

Џенифер Анистон, инаку, го финансира ова сиропиталиште веќе една година. Финализирањето на усвојувањето се очекува во јуни годинава.

„Судот знае дека актерката не сака од ова да направи голем настан во медиумите и сака тоа да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели убавата вест со своите колеги и пријатели“, заклучува извор пренесен од сите светски медиуми.

Веста им беше соопштена на колегите и пријателите од серијата „Пријатели“, на снимањето на продолжението на оваа популарна серија, која започна овој месец, на радост на милиони фанови ширум светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.