Афлек и Де Армас снимаат сцени од филмот што ги спои

Бен Афлек и Ана де Армас повторно беа заедно во Њу Орлеанс за да преснимаат некои сцени од  трилерот Deep Water („Длабока вода“).

Парот е фотографиран на балкон во „Биг изи“, а Де Армас има блескав дијамантски прстен на левата рака.

Нејасно е дали прстенот што го носи е поврзан со ликот што го глуми во филмот, или парот планира да објави голема вест и покрај гласините дека, наводно, се разделиле. Ваквите шпекулации се должат на фактот што повеќе од еден месец не беа забележани заедно.

Ѕвездата на „Армагедон“ и добитник на Оскар за режија за „Арго“ (48) и 32-годишната Кубанка номинирана за „Златен глобус“ се запознаа на снимањето на „Длабока Вода“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.