Ѕвездите кои го критикувале Трамп отпаднаа од кампањата за подигање на јавната свест за Ковид-19

Администрацијата на Трамп им забрани на 264 селебрити-личности да се појават во рекламна кампања за подигање на свеста за короновирус, и одобри само десет, бидејќи sвезди како Џенифер Лопез, Џони Деп, Били Ајлиш и Кристина Агилера го критикувале претседателот.

Администрацијата на Трамп неодамна одобри рекламната кампања во износ од 250 милиони долари со стотици познати личности кои ќе учествуваат во неа, иако речиси сите беа отфрлени поради партиски политчки интереси, вклучително и Били Ајлиш, пренесуваат американски медиуми.

Кампањата била иницирана само неколку недели пред изборите. Целта била да се „победи очајот и да се инспирира надеж“ среде пандемија на коронавирус со тоа што ќе се ангажираат забавувачи во специјалната програма. Кампањата состави список со 274 селебрити-личности кои би можеле да бидат вклучени, пренесува „Вашингтон пост“.

Од 274 познати личности на списокот, само 10 беа одобрени, а останатите отпаднале или поради поддршка на поранешниот претседател Барак Обама, или дека биле критички настроени кон Трамп, а некои и поради поддршка на правата на хомосексуалците и / или истополови бракови.

Ајлиш (18) не била земена во предвид за кампањата бидејќи таа „не е поддржувач на Трамп“ и поради нејзините коментари на Демократската национална конвенција во август, каде беше цитирана како вели „Трамп ја уништува нашата земја и сè што ни е важно“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.