Парис Хилтон открива детали за проблематичното минато во документарeн филм

Парис Хилтон премина од реалити sвезда во деловна жена, а од неодамна и активистка.

Телевизиската личност во нејзиниот нов документарец „Ова е Парис“ наведува дека била ментално и физички малтретирана во интернат кога била тинејџерка, и сега работи на затворање на училиштето.

„Има толку многу луѓе кои ми пишуваа писма, со зборовите 'Ви благодарам многу'“, вели Хилтон (39), и додава дека не разговарала со нејзините родители 20 години затоа што ја испратиле во училиштето „Прово Кањон“ во Јута.

Во документарецот, кој премиерно беше прикажан на нејзината страница на „Јутјуб“ овој месец, Хилтон тврди дека била психички и физички малтретирана, била оставана во солидарен притвор со часови, и принудена да зема непознати лекови, пренесува „Ројтерс“.

Новинската агенција не можела независно да ги потврди нејзините тврдења.

Хилтон откри дека по повеќегодишно бунтување таа била испратена во „Прово“ и во неколку други училишта интернати за проблематични тинејџери .

Како одговор на обвинувањата на Хилтон, „Прово кањон“ испрати изјава во која наведува дека интернатот бил продаден од претходните сопственици во август 2000 година. Затоа, не можат да коментираат за дејствијата или искуствата пред тоа време.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.