Хари и Меган - Среќни и лежерни во Канада (ФОТО)

На Денот на вљубените принцот Хари и Меган Маркл слетаа во Канада, враќајќи се од САД, каде што одржаа важни состаноци, објави списанието „People“.

 

Фото апаратите на новинарите успеале да го „фатат“ семејството - нешто што ретко се случува откако парот и официјално се повлече од своите кралски должности во Велика Британија.

 

Меган и Хари изгледат лежерно - тој носи џемпер и капа за бејзбол, а таа фармерки, спортско-елегантна маица и плетена наметка.

 

  • Image may contain: 3 people
  • Image may contain: 1 person, standing


Според информациите во медиумите принцот и неговата подобра половина биле во САД на приватна манифестација на американска компанија за финансиски холдинг во Мајами. Тие исто така го посетиле универзитетот Стенфорд, каде разговарале со професорите за нивната нова добротворна фондација.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.