Сталоне изгледаше импресивно во темен костум на проекцијата на Very Ralph
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 12 Ноември 2019
Тој секогаш остава впечаток на силна фигура на црвениот тепих.
И понеделникот вечерта не беше исклучок за Силвестер Сталоне, кој присуствуваше на посебна проекција на документарецот на Ејч-би-о - Very Ralph во Беверли Хилс.
Ѕвездата на „Роки“, кој сега има 73 години, изгледаше импресивно во темен широк костум во комбинација со црна ролка.
Ветеранот-ѕвезда на акциски филмови беше придружуван од сопругата Џенифер Флавин и нивната ќерка Систин (21).
Другите две ќерки Софија (23) и Скарлет (17) не беа на настанот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс