Шерон Стоун: "Основен инстинкт" не би можел да се снима денес

Актерката Шерон Стоун се сомнева дека култниот филм „Основен инстинкт“ од 1992 година би можел да се снима во 2019 година.

 

Стоун ова го изјави во интервју за магазинот „Алур“.

 

"Мислам дека "Основен инстинкт" беше снимен во вистинско време. Тој ги изрази сите наши стравови и сомнежи. Тогаш, жените почнаа да се борат за своите права. Овој филм е интригирачки, но дали може сега да се снима? Се сомневам дека ќе биде сензација како што беше во тоа време“, рече Стоун.

 

Во филмот, познат по своите искрени сцени, детективот, кој го игра Мајкл Даглас, има врска со ликот кој го глуми Шерон Стоун. Таа е осомничена за убиството што Даглас го истражува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.