Џенифер Лопез отпеа дует со својата ќерка

 Покрај раскошната продукција, костимографија и провокативната кореографија, првата вечер на големата светска турнеја на Џенифер Лопез ја одбележа и нејзината 11-годишна ќерка Ема. Таа застана на големата сцена и, како и нејзината мајка, ги воодушеви илјадниците обожаватели со својот глас.

 

Среде концертот во Инглвуд, Ема се појави на сцената и со мајка ѝ ја опеаја „Limitless” – песна чијшто спот беше издаден лани.

 

Во тој миг, многумина во девојчето ја видеа наследничката на нејзината светски позната мајка, но и на татко ѝ Марк Ентони, исто така познат латино-пејач, од когошто Лопез се разведе пред неколку години. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.