Израелски министер ja критикуваше Мадона и нејзиниот настап на "Евровизија" 2019

Израелската министерка за култура Мириса Регев го опиша како "грешка" присуството на палестинските знамиња на грбовите на танчерите на Мадона за време на финалето на "Евровизија-2019", објауваат медиумите.

 

 "Тоа е грешка, не треба да се меша политиката во една културна манифестација, со сета почит што ја чувствувам кон Мадона", изјави Регев на редовната неделна седница на Министерскиот совет.

 

Министерката ја критикуваше израелската медиумска организација Кан, која не си ја завршила својата работа, откако се појавија на екран палестинските знамиња.

 

Кралицата на поп музиката Мадона не се предаде на про-палестинските активисти да го бојкотира настапот во Тел Авив. Според нив преку неа израелските власти се обиделе да ја омаловажат реалностите од израелско-палестинскиот конфлит.

 

Непосредно пред учеството како гостин на финалето, Мадона изјави: "Никогаш не треба да ја потцениме моќта на музиката да ги зближува луѓето!".

 

Уште не е познато дали таа знаела дека нејзините танчери ќе се појават со палестински и израелски знамиња. За време на објавувањето на резултатите членовите на исландската група "Хатари", познати по негативниот однос кон израелската окупација на палестинските територии, покажаа транспаренти со палестинско знаме, предизвикувајќи свирежи од страна на публиката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.