Холандските градови почнаа „битка" за домаќин на Евросонгот 2020

Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин на Изборот на песна на Евровизија во 2020 година, откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на синоќешниот Евросонг во Тел Авив.

 

Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

 

Инаку, успехот на 25-годишниот Лауренс со песната „ Arcade", е прва победа на Холандија по 44 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.