Тазе породената манекенка, ги засени сите дотерани дами на црвениот тепих во Кан

Францускиот модел Тина Кунаки (22) пред само еден месец ја донесе на својата ќерка Амазонија, а нејзиното прво појавување на црвениот тепих, по породувањето беше и тоа како забележано.

 

  Имено, сопругата на францускиот актер Винсент Касел (52), поранешен сопруг на Моника Белучи, се појави на Канскиот фестивал на премиерата на Les Miserables.

 

Прекрасната Тина сјаеше во својот долг сатенски фустан со сјајна тегет боја, со појас околу нејзината половината, со што не покажуваваше дека манекенката е неодамна породена.

 

Сепак, многумина коментираа дека е сосема неважно она што го носеше, бидејќи Тина толку многу се насмеаше што не мораше дури да направи фризура, да стави накит или да направи шминка.

 

Нејзината насмевка ги разоружа сите и ги привлече објективите како магнет, па младата мајка уште еднаш покажа дека најубавите жени се оние кои се среќни во душата, и исполнети во срцето !





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.