ДУШКО ТОШИЌ ОТКРИВА ЗОШТО ОСТАНА ВО БЕЛГРАД: Се плашам за Јелена, да не си наштети!

Фудбалерот му раскажал на неговиот пријател дека не се вратил во Кина, бидејќи неговата сопруга по смртта на мајката била во многу лоша состојба и дека ѝ помага да се опорави од загубата.

 

Душко Тошиќ одлучи да остане во Србија со неговата сопруга, Јелена Карлеуша, на која  ѝ  почина нејзината мајка Дивна Карлеуша на почетокот на март.

 

Кинескиот фудбалер му се доверил на својот пријател и рече дека се плашел дека пејачката да не си направи ништо за себе, па поради тоа го одложил враќањето во Кина.

 

- Јелена тешко ја поднесе смртта на нејзината мајка и таа не си доаѓа на себе. Таа се уште е во тешка ментална состојба. Неможе да се помири со тоа дека Дивна повеќе ја нема. Постојано плаче и пие лекови за смирување. Таа скоро не зборува со никого. Душко никогаш не ја видел во таква состојба. Тој ја разбира нејзината болка и сака да и помогне. Тој најдобро знае колку многу биле поврзани Дивна и Јелена и колку пати таа плачела додека нејзината мајка се борела со рак на белите дробови. Јелена постојано му кажувала дека нема да може да поднесе ако Дивна умре, па затоа се плаши дека сега може да си направи нешто на неа – раскажал  изворот близок пријател на Душко.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.