„Одмаздници" 4 ќе биде најдолгиот филм во универзумот на „Марвел"

Четвртиот дел од филмската сага „Одмаздници" ќе биде најдолгиот од сите филмови на студиото „Марвел" досега, според ко-режисерот Џо Русо.

 

Во неодамнешна сесија на прашања и одговори, Русо рече: „Времето на „Одмаздници" 4 сега е три часа. Ќе видиме дали ова ќе се одржи".

 

За споредба, „Одмаздниците: Војна без крај" е актуелниот рекордер за најдолг филм од универзумот „Марвел" со два часа и 40 минути.

 

Како одговор на прашањето за фазата на пост-продукција, Русо откри дека тимот има завршено околу 50 отсто од филмот.

– Ние сме во средината на процесот. Во моментов работиме на ВФХ кадрите. Во филмот има околу 3.000 ВФХ кадри кои бараат многу време, мисла, енергија и напори и се уште сме далеку од завршување, изјави Русо.

 

Поради моменталната должина на филмот, постои реална шанса дека одредени сегменти ќе бидат исфрлени за да се избегне таква должина.

 

Премиерата на „Одмаздници" 4 е закажана за 3 мај 2019 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.