Се разведоа Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Огорчените бивши мора да се воздржат од "навредливи забелешки" пред нивните три деца. Бракот е фицијално завршен!

 

Бен Афлек и Џенифер Гарнер вртат нов лист. Разводот е финализиран, а судијата кој го потпишал им наредил на бившите да престанат да се караат.

 

Според конечната пресуда, судијата пресудил дека Афлек (46) и Гарнер (46), мора да се воздржат од "расправање, викање или користење на вулгарност" пред своите деца!

 

Пресудата предвидува дека ниту еден од нив не смее да зборува лошо за другиот партнер или за семејството на другиот партнер, пред малолетните деца.

 

Пресудата за развод се одолговлекува подолго време. Гарнер поднела барање за развод од Афлек, наведувајќи ги "непомирливите разлики" на 13 април 2017 година, по скоро 12 години брак, од кој ги имаат децата Виолета, 12, Серафина, 9 и Самуел, 6.

 

Според пресудата, Афлек и Гарнер ќе делат заедничко старателство на своите деца. Судијата, исто така, им нареди да се состанат со "взаемно прифатлив терапевт за ко-родител" на месечна основа во период од најмалку шест месеци.

 

Проблематичен Афлек минатата година беше на рехабилитација. Ова лето, Гарнер го прими дома проблематичниот актер, откако дошол пијан во Калифорнија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.