Селена Гомез заврши со рехабилитацијата, по емотивната криза

Селена Гомез сврте нов лист. По еден месец рехабилитација во установа за ментални здравствени проблеми, таа си замина дома.

 

Еден извор за Е! NewsOpens потврдил дека Гомез, 26, сега е многу подобра и се чувствува "освежена и побистра во главата“. Гомез се појавила на третман во болница на источниот брег на почетокот од октомври за да се справи со емоционалниот нервен слом.

 

Емотивната криза ја погодила Гомез додека била хоспитализирана поради ниски вредности на бели крвни клетки, една година по трансплантацијата на бубрег и откако се отвори за нејзините проблеми со анксиозност и депресија во минатото.

 

Таа, исто така, се бореше со веста дека нејзиното поранешно момче, Џастин БиберОпенс се ожени со Хајли Болдвин. Сепак, "Селена имала огромна корист од рехабилитација", изјави за Радар човек од доверба, додавајќи:

 

"Таа сепак ќе продолжи да работи со терапевт и психијатар и е посветена на тоа да остане здрава и ментално и физички".

 

„Тоа значи дека нема да изведувам во скоро време“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.