Пејачката Џеси Џеј откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојката

Британската пејачка Џеси Џеј (37) откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојката во рана фаза.

 

Во емотивно видео таа им се обрати на своите следбеници и истакна дека долго време размислувала дали да ја сподели оваа вест со јавноста.

 

„Сакам да го споделам ова со моите обожаватели и со луѓето што се грижат за мене. Отсекогаш сум била личност што споделува сè што ми се случува. Пред да излезе песната No Secrets ми беше дијагностициран рак на дојката во рана фаза“, напиша Џеси на „Инстаграм“.

 

Таа особено го нагласи зборот „ран“ велејќи: „Ракот е ужасен во која било форма, но јас се држам до тој збор ‘ран’. Постојано одев на прегледи и тестови во тој период“.

 

Таа објасни дека сака да биде искрена и отворена не само за себе туку и за другите.

 

Во својот хумористичен стил таа додаде дека „добива уште една шанса за зголемување на градите“.

 

„Многу драматичен начин да се зголемат градите. Ќе ме нема малку по Летниот бал, кој е на 15 јуни. Морам да се оперирам, а потоа ќе се вратам со огромни гради и повеќе музика“, се пошегува таа.

 

Во описот на видеото Џеси понатаму се осврна на своите чувства признавајќи дека е тешко да се балансираат убавите моменти и личните борби.

 

 „Шегата настрана… Знаеш дека хуморот е мојот механизам за преживување, но последните два месеца беа неверојатни. И во исто време, ова се случува, што ми даде посебна перспектива за животот. Но… На твојата девојка ѝ треба прегратка. Исто така, нема да добијам огромни гради. Или можеби ќе добијам? Не, не… Морам да престанам да се шегувам“, напиша таа.

 

Во коментарите многубројни пријатели и обожаватели ѝ испратија пораки за поддршка и љубов.

 

За потсетување, Џеси Џеј доби син со момчето Чанан Колман во 2023 година. Таа ја потврди веста со трогателно видео на „Инстаграм“ со опис: „Сè уште не можам да верувам дека си мој, само се навикнувам на фактот дека јас сум твоја мајка“.

 

Еден месец подоцна таа откри и дека својот син го крстиле Скај Сафир Корниш Колман.

 

Пејачката доживеала спонтан абортус во 2021 година. Во таа пригода таа во поткастот „Дневникот на еден извршен директор“ опиша дека имала два прегледа во ист ден, помеѓу кои дознала дека повеќе нема отчукување на срцето. „Никогаш не сум се чувствувала поосамено од таа ноќ кога се вратив дома“, рече таа тогаш.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.