
Патиките во фокусот: Џенифер Лопез во опуштена комбинација
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 03 Јуни 2025

Џенифер Лопез е позната по тоа што носи вртоглави потпетици и на сцената и надвор од неа. Но, кога одвреме-навреме избира рамни чевли, обично избира удобност.
Во нејзината последна објава на „Инстаграм“, во која сподели неколку фотографии од мај, може да се види во опуштена комбинација: едноставна бела маица со куси ракави, широки беж панталони, сива бејзбол-капа, авијатичарски очила за сонце и скапа чанта.
Но, главната ѕвезда на изданието, или барем она што привлекува најголемо внимание, се патиките со екстремно дебел ѓон.
Моделот за кој станува збор е „најки кортез платформа коме дес гарсонс“, кои брендот ги лансира уште во 2018 година, па Џенифер можеби ги стекнала тогаш и ги задржала до денес или можеби ги нашла во меѓувреме преку еден од секундарните продажни канали, според написите во светските таблоиди.
Моделот првично е создаден како почит кон камп-естетиката, позната по својот нагласен кич, театралност и претерување во секој детаљ. Иако моментно не се достапни во обичните продавници, може да се најдат во продавници како StockX или на „Ибеј“. Во моментот на лансирањето чинат 445 евра.
„Оние патики со платформа погоре“, „Одлични, сега морам да купам ‘кортез’“, „Сервираш изгледи како и секогаш“, „Модна икона“, „Прекрасна“, „Јас би ја носела целата комбинација од првата фотографија – од глава до петици“, се само дел од коментарите на нејзината објава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
