Концерт на Владо Јаневски во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од „Прагма продукција“, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении.

 

Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата ќе оживеат баладите што се дел од колективната емоција – „Црно тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.

 

Во градот во кој секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика што го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.

 

Концертот на 8 август ќе ве потсети на моменти за кои сте мислеле дека сте ги заборавиле, ќе ве натера да се сетите кого сте сакале, кого сте изгубиле и зошто љубовта секогаш останува најважната животна лекција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.