Ким Кардашијан доаѓа во Белград, наводно испратила список со посебни барања

Ким Кардашијан во јуни годинава доаѓа во Белград, пишува Курир.рс.

Извори запознаени со ситуацијата за споменатиот медиум изјавија дека ријалити ѕвездата доаѓа во Србија со своите деца. Причината за нејзиното доаѓање е отворањето на продавницата на брендот Skims во Белград.

Ким наводно ќе пристигне во Србија со приватен авион и ќе биде сместена во претседателскиот апартман на еден белградски хотел. Покрај тоа, таа ќе има дополнително осигурување, а во Белград планира да остане два дена.

Српските медиуми пишуваат дека Ким има посебни барања во врска со нејзиното доаѓање. Наводно, барала во станот секогаш да има свежо овошје и постојано да и бидат достапни 10 различни автомобили за да ги избегне фотографите.

Сака да го посети и храмот Свети Сава и Калемегдан. По повод нејзиното доаѓање ќе се организира забава на која ќе присуствуваат познати личности од Србија.

По Белград, Ким го продолжува патувањето за Париз.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.