На Британка со 800 тетоважи на телото ѝ е забрането да оди во црква

Британската мајка на седум деца, Мелиса Слоун, откри дека ѝ е забрането да оди во локална црква поради нејзините 800 тетоважи.

Слоун (46) од Пауис, Велс, ги критикува свештениците што не ѝ дозволиле да присуствува на црковната служба, објави „Дејли мејл“.

Ова не е првпат мајката на седум деца да изјави дека е социјално исклучена, минатата година призна дека никогаш не била поканета на забави за Ноќта на вештерките бидејќи, иронично, би ги исплашила гостите.

Но, протерувањето од црквата беше последната капка за Велшанката, која тврди дека свештеникот ѝ рекол дека мора да замине бидејќи пее премногу гласно.

Слоун била активна во црковно пеење и молитва, но тврди дека била избркана од црквата среде богослужба.

Таа за „Стар“ изјави дека сите ѝ го свртеле грбот смеејќи се.

„Свештеникот рече ‘мораш да одиш’, но повеќето ми се смееја, ништо ново. Свештеникот мора да е злобен за да го направи тоа“, додаде таа.

Иако била избркана од црквата, Слоун сепак има силна почит кон Исус Христос и тврди дека не би ја осудил како обичните луѓе.

Таа призна дека нејзиниот изглед може да ги вџаши луѓето на прв поглед.

Слоун е невработена 20 години поради екстремниот број тетоважи на своето тело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.