Историската одлука на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам што го промени кралското семејство

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не присуствуваа на големата велигденска служба на која секоја година одат сите активни членови на кралското семејство. Оваа година се појавија кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Ендру, Сара Фергусон, принцезата Ана, Тимоти Лоренс, принцот Едвард и војвотката Софи. Кејт и Вилијам го прекршија протоколот, веројатно за прв пат, и решија да го поминат одморот со децата додека Кејт закрепнува од хемотерапијата што ја прима поради неодамна дијагностициран рак.

Овој потег не остана незабележан од фановите на кралското семејство, кои ги пофалија Кејт Мидлтон и Вилијам што направија се за да го одржат нивното семејство заедно, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат.

Покрај тоа, принцот Вилијам, според многу коментари, донел одлука цврсто да застане покрај својата сопруга и со тоа ја воодушеви јавноста. Ова е првпат престолонаследникот да ги запостави службените обврски, се со цел на семејството да му овозможи мирен Велигден.

И покрај тоа што и самиот боледува од рак, британскиот крал Чарлс го одвел семејството во замокот Виндзор на неделна служба со кралицата Камила.

Монархот ја поздрави толпата пред да се упати кон капелата со својата сопруга. Во капелата Свети Џорџ во Виндзор пристигнаа и други членови на кралското семејство.

Ова е најважното појавување за кралот Чарлс откако во февруари му беше дијагностициран рак. На службата во замокот Виндзор, каде Чарлс беше со кралицата Камила, традиционално присуствува целото кралско семејство, но оваа година тоа не беше случај.

Покрај Кејт и Вилијам, не се појавија други важни членови на семејството.

Од службата отсуствувале и помладиот брат на Вилијам, Хари и неговото семејство, кои живеат во Калифорнија.

За да ги поминат празниците што е можно помирно, Кејт и Вилијам со своите деца отидоа на селскиот имот. Тие се иселија од Лондон во 2022 година и отидоа во Виндзор со нивните три деца Џорџ (10), Шарлот (8) и Луис (5). Приватноста што ја овозможува овој селски имот несомнено добро ќе и дојде на принцезата на која и е дијагностициран рак. Токму во шармантната куќа „Аделаида Котиџ“ Кејт и Вилијам отидоа со своите деца да ги поминат празниците во мир, додека таа закрепнува од терапијата.

Главната карактеристика на имотот е приватноста, што го прави совршено место за принцезата Кејт, на која и треба мир и тишина во моментот за да се фокусира на нејзиното закрепнување. Кејт ѝ кажа на јавноста: „Добро сум и секој ден станувам посилна со тоа што се фокусирам на работи кои ќе ми помогнат да заздравам, во мојот ум, тело и дух. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така одличен извор на утеха, како и љубовта и поддршката што многумина од вас ми ја покажаа. На двајцата ни значи многу“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.