Изгледот на Деми Мур им пркоси на годините: актерката го привлече вниманието во проѕирен мрежест фустан

Имено, Деми беше една од бројните гости кои пристигнаа на прославата на 40-годишнината на брендот Dolce & Gabbana во Милано. На 61-годишната актерка ѝ се придружија и Рози Хантингтон-Вајтли, Шер, Хелен Мирен и Лили Џејмс на отворањето на изложбата на брендот.

За таа прилика таа облече проѕирен мрежест фустан кој беше покриен со светки. Под ова парче облека таа носеше црна долна облека, а косата и беше спуштена преку рамениците. Изгледот го комплетираше со црни сандали на потпетици.

 

Изложбата на која присуствуваше го прикажа креативниот процес на италијанското модно дуо Доменико Долче и Стефано Габана, давајќи ѝ на јавноста увид во тоа како некои од иконските парчиња на брендот преминаа од идеи во главите на дизајнерите до креации на писти или носени од ѕвезди како Мур на црвен тепих.

Во изјава за Фајненшл тајмс пред отворањето на изложбата, основачите и косопствениците на брендот, Доменико Долче и Стефано Габана, објаснија како се надеваат да ја раскажат приказната „од каде дошле“.

Стефано рече: „Нашиот сон е да ги инспирираме новите генерации, да ги охрабриме да го изразат она што го чувствуваат и да им дадеме храброст“.

Доменико додаде: „Би сакале младите да видат алтернатива, противотров за баналноста и хомогенизацијата во уметничките професии“.

Кога зборуваме за Деми, актерката го привлекува вниманието со изглед кој ги демантира нејзините години, а поради нејзиното појавување на CFDA Fashion Awards, настан кој го нарекуваат модни Оскари, на крајот на минатата година напишаа дека всушност изгледа подобро сега отколку пред 10 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.