Мајкл Даглас откри дека е далечен роднина на познатата актерка: „Дали се шегувате – ова е одлично“

Мајкл Даглас откри дека е во роднинска врска со една колешка.

Актерот се појави во епизода од ТВ-серијата Finding Your Roots. На крајот од неговиот сегмент во епизодата, Даглас доби изненадување од водителот Хенри Луис Гејтс, кој му кажа на актерот дека е во далечна врска со една од неговите колешки – Скарлет Јохансон.

„Вашата роднина по ДНК е актерката Скарлет Јохансон“, рече Гејтс. „Мајкл и Скарлет споделуваат идентични делови од ДНК на четири хромозоми, од кои сите се појавуваат на страната на мајката на Скарлет, која се протега назад сè до еврејските заедници во Источна Европа“.

Видно изненаден Даглас рече: „Дали се шегуваш? О, тоа е неверојатно. Ова е одлично, ова е толку кул“.

Тој вели дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со актерката за да ја информира за нивното сродство. Мајкл и Скарлет глумеа заедно во филмот Avengers: Endgame.

Мајкл е најстарото дете на Кирк Даглас и Дајан Хил. Неговите баба и дедо биле руски Евреи, кои емигрирале во Америка. Вистинското име на таткото на Мајкл беше Исур Даниелович Демски, но тој го промени во Кирк. Таткото на Скарлет е со данско потекло, а мајката Мелани Слоун е од еврејско семејство од Бронкс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.