Руската мелодрама ПЕПЕЛ премиерно на МТМ-1-ва СКОПСКА

Капетанот на Црвената армија, Игор Петров оди во Москва, знаејќи дека нема да може да се врати кај својата сопруга заради заканата од апсење.

Петров влегува во воз и се среќава со познатиот крадец таканаречениот ПЕПЕЛ.

Отакако во возот се случува тепачка, на Петров му паѓа идеја да ја замени облеката, да ги украде документите и златото и да го земе идентитетот на ПЕПЕЛ за да ја избегне казната.

ПЕПЕЛ се буди во болница со нов идентитет. Заложник на играта станува сопругата на капетанот Петров, Рита која се вљубува во новиот сопруг.

Сепак судбината ќе ги соочи повторно откако по две години живеат со различни идентитети...

Серијата се емитува секоја сабота во 21:00, репризата е во недела во 23:00 и среда во 22:45 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.