Божиќна промоција заврши со повредени во трговски центар во Сиднеј

Божиќна промоција во трговски центар во Сиднеј доведе до инцидент со неколку повредени.

 

Пет лица се хоспитализирани откако стотици посетители се туркаа за подароци.

 

Од таванот на трговскиот центар паѓаа балони полни со ваучери и други награди, кои требаше да бидат фатени од посетителите. Ова доведе до голема турканица од луѓето кои се обидуваа да ги фатат балоните. Некои беа турнати на подот, па дури и прегазени.

 

Итната помош регистрирала вкупно 12 повредени жртви, при што петмина биле однесени во болница. Тројца од нив се потешко погодени, пренесуваат агенциите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.