Сеизмолозите од регионот предупредуваат: Тлото ќе се тресе следните два ипол месеца

Земјотресот што утринава ја погоди Албанија, а кој силно се почувствува и во нашата земја и пошироко во регионот, е еден од најсилните забележани по оној од 1979 година, вели началничката на црногорскиот Завод за сеизмологија, Јадранка Михаљевиќ и додава дека не може да се процени дали во деновите што следат епицентарот би можел да биде во Црна Гора, пишува српски „Курир“.

 

„Генерално не би требало... единствено ако дојде до некои поместувања по должината на Јадранот, но тоа во моментот не можеме да го процениме“, вели таа.

 

Според Михаљевиќ, по вака силен земјотрес, серијата потреси може да трае дури и до два месеци како и дека поинтензивните потреси односно т.н. смирување на почвата се очекува во следните неколку дена.

 

Таа посочи дека на потресот во Албанија од утринава во 3 и 54 часот кој беше со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, му претходеле неколку послаби потреси.

 

„Земјотресот од 21 септември кој беше со јачина од 5,8 степени по Рихтер беше вовед во активизација на сеизмогената зона. Тлото и понатаму работи“, вели Михаљевиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.