Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите на социјалните мрежи.

 

„Блиц.рс“ пишува дека пејачот имал срцев удар и во моментот е на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде што бил хоспитализиран.

 

„Почитувани жители на Крагуевац и преостанатата екипа која вечерва би дошла на концертот... Жал ми е што ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен... Животот понекогаш прави планови без нас и очекува да го разбереме тоа... Здравјето е во секој случај е она што е најважно“, напиша ќерка му.

 

„Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско оправдување ако е потребно, но јас се сомневам дека тоа ќе го побарате. Сè ќе биде во ред за неколку дена, па продолжуваме понатаму... Ве молиме за разбирање и трпение, ќе го објавиме точниот датум на новиот концерт за неколку дена сè додека сè не си дојде на свое место. Наши сме си“, додаде таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.