Воз кај село Ногаевци усмрти 23-годишен Пакистанец

Патничкиот воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во близина на село Ногаевци, општина Градско, синоќа во 18:40 минути удрил во едно лице кое починало на самото место.

 

Како што информира СВР Велес, според пронајдените документи е утврдено дека се работи за 23- годишниот А.И. од Пакистан. Со него бил и 30-годишниот Р.М., исто така  од Пакистан, кој е предаден на полициски службеници и однесен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.

 

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Велес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.