Природни антидепресиви: Мента, Маточина, Валеријана.....

Постојат многу начини и лекови што можат да се употребат за лекување на депресијата, но лошо е тоа што речиси сите имаат страшни нус појави кои следуваат со нивната употреба.  Според податоците на Министерството за здравство секој десетти Македонец пие дијазепам и тоа е третиот најпрепишуван лек, а годишната потрошувачка надминува и над еден милион пакувања.

 

Психолозите велат дека лекарите наместо да направат психо-тест, без проверка им препишуваат дијагноза на пациентите, а во голем дел од аптеките до дијазепамот може да се дојде и без рецепт.

 

Дијазепамот доколку се користи често може да предизвика сериозни последици врз здравјето. Наместо антидепресиви постојат и многу билки во природата кои го имаат истото дејство, но ги немаат негативните последици. Ментата, Маточината, Валеријаната се само дел од билките кој може да се користат наместо антидепресиви. Според познатите браќа билкари Дејан и Кристијан Ачкоски билките може да е користат и самостојно, многу помагаат, немаат контраиндикации, а даваат одлични резултати во последните 15 години.

 

 

Депресијата се чини дека стана составен дел од модерното живеење, а овие билки може да ви помогнат во совладување на истата.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.