Боксер почина јадејќи кроасани во ТВ емисија

Поранешниот аргентински боксер Марио Мело почина од задушување јадејќи кроасани во емисија во живо, соопшти неговата сестра Алда.

 

Имено, за време на ТВ натпревар во јадење кроасани, тој почнал да се задушува и одеднаш паднал зад водителот. Тој пак, како и многу други, мислел дека боксерот глуми и се шегува, па никој и не му помогнал навреме.

 

По некое време, била повикана итна помош, па Мело бил однесен в болница, но лекарите кусо потоа само ја констатирале смртта.

 

Мело беше шампион на Јужна Америка во полутешка и супертешка категорија во 80-те и 90-те години на минатиот век.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.