(Видео) Каевски: СДСМ ја решава енергетската криза за разлика од градоначалниците на ДПМНЕ

Владата и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните, рече денеска на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник од редовите на владејачката СДСМ.

„Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана Скопје Север со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ. Претходно, преземени се решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија.

 

 

Преземен е и првиот конкретен чекор за заштита на стандардот на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 семејства“, посочи Каевски.

Тој нагласи дека во моментот Владата работи и на нови мерки кои, како што кажа, ќе значат директна финансиска помош за граѓаните и стопанството во услови на енергетска криза.

„Ова е одговорно, домаќинско управување на инситуциите од страна на СДСМ, која секогаш работи за граѓаните“, рече претставникот на СДСМ додавајќи дека од друга страна јавноста гледа штетно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

Како премер Каевски ја наведе скопската градоначалничка, Данела Арсовска, која, како што кажа, ги игнорира барањата на скопјани и се прогласува за ненадлежна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.