Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина мерката притвор и определи мерка куќен притвор.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ - 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б. Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19, во јавноста познат како 'Рекет', изјавена преку неговиот бранител, се уважува.

Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор кон обвинетиот Б. Ј. и се определува мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.

Тој беше 15 месеци во затворот во Шуто Оризари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.