Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност изјави дека во овој момент не се размислува за полициски час во онаков облик каков што имавме пролетта.

„Гледам дека станува прашање се поприсутно во јавноста околу националниот локдаун кои некои држави го најавија и тоа луѓето го врзуваат со полицискиот час. Мораме да ги следиме прецизно обврските кои тие земји, Франција и Германија, ги најавија како први во Европа со тоа ниво на лимитирано движење. До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час како што имавме ние пролетта. Дури и она што се нарекува национален локдаун во Франција и Германија се однесува на ограничено движење од регион во регон“, појасни Пендаровски.

Тој вели дека полициски час со забрана за излегување од домовите во овој момент никаде не е на сила, ниту се размислува да се воведе кај нас.

Пендаровски смета дека е заблуда мислењето дека ако ние не го направиме тоа, ќе поминеме полошо со пандемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.