Заев го прифати барањето за разрешување на Димова
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Октомври 2020
Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, задолжен и за спроведување на Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.
Премиерот ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова поради неетичко постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.
Оваа постапка ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување и да поднесе иницијатива за информирање надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор ќе се запазат сите постапки за грантови според принципот за пресумција на невиност.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс